Во прекин сообраќајот на патот Гостивар – Стража

од Nikola Popovski

Од 11:00 часот, сообраќајот е во прекин на магистралниот пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, пo суви коловози.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини