Во различни акции уапсени 5 лица, кај сите нив пронајдена марихуана

од Milan1

„Вчера околу 14.30 часот на ул.„Јован Планински“ во Кавадарци, полициски службеници од полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода К.Ч.(39) и П.С.(38), двајцата од Кавадарци. Тие биле затекнати при купопродажба на марихуана и кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на судска наредба, во домовите на двајцата биле извршени претреси и, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола лишен е од слобода И.Ф.(22) од Битола, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка, дигитална вага и други предмети со остатоци од марихуана.

Денес во 00.10 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.Ј.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени марихуана и нож.

Вчера во 16.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Б.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Слични содржини