Во Шпанија запленети рекордни девет и пол тони кокаин

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанската полиција заплени 9,5 тони кокаин скриен во контејнер за транспорт на банани од Еквадор, што е најголема количина запленета во еден контејнер во таа земја, соопшти денеска шпанската полиција.

„Оваа операција беше удар без преседан за една од најголемите светски криминални организации во дистрибуцијата на кокаин, чија цел биле големите криминални мрежи во Европа“, се вели во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Кутиите биле означени со повеќе од 30 различни логоа што одговараат на различни европски криминални синџири до кои требало да стигне кокаинот, но шпанската полиција јавно не именуваше за кои прстени или организации станува збор.

Слични содржини