Во тек е голема потрага: Исчезна јапонски воен хеликоптер со 10 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонски воен хеликоптер со 10 лица исчезна денеска во водите во јужниот дел на префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража и други извори.

Повеќенаменскиот хеликоптер UH-60 на Јапонските копнени сили за самоодбрана (GSDF) исчезна од радарот околу 16:40 часот, на околу 18 километри северозападно од аеродромот на островот Мијако во префектурата Окинава, соопшти крајбрежната стража.

Крајбрежната стража испрати четири патролни бродови во блиските води за да го бараат хеликоптерот.

Патролните бродови ги опишаа временските услови како умерени кога пристигнале околу 18:10 часот.

Хеликоптерот бил сместен во кампот на GSDF Такаиубару во префектурата Кумамото во југозападна Јапонија и бил ангажиран во активности за надзор, изјави извор од министерството за одбрана.

Во хеликоптерот имало двајца пилоти, двајца механичари и шест членови на екипажот, од кои сите се припадници на силите за самоодбрана.

Слични содржини