Во тек се апсења на високи полициски службеници од екипата на Чулев

од Vladimir Zorba

Во тек се апсења на високи полициски службеници во Министерството за внатрешни работи од екипата на Наќе Чулев поради оддавање на службени тајни, документи, снимки од ПИ мерки и нивно објавување по портали, дознава Локално од извори во истрагата.

Најмалку четворица високи полициски службеници, според нашите сознанија, се во моментов во Обвинителството, а им биле одземени мобилни телефони, компјутери и други предмети. Се очекува истрагата да се прошири и да бидат приведени и новопоставени функционери од министерот Наќе Чулев.

Слични содржини