Во турско село 400 години комуницираат со “јазикот на птиците”

од desk3

Луѓето во Кушкај, мало турско село, се исклучително инвентивни, пишува PopSci. Пред да имаат електрична енергија во своите домови, тие измислиле брилијантен и едноставен начин за комуникација на големо растојание – со прстите во уста. Го нарекле “јазикот на птиците” или “Куш Дили”, бидејќи  настанал во селото Кушкај, што значи “село на птиците”.Јазикот се појавил пред околу 400 години како начин за комуникација во падините на Понтиј. Земјата таму е особено проблематична и дури движењето на мали растојанија често е проблем. Поради тоа жителите требало да откријат алтернативен начин на повикување и ја нашле во песните на птиците. Тие почнале и да потпевнуваат со уста, слогови од турски зборови што се покажало како доста полесен е поефикасен начин отколку да извикувате на цел глас.

Слични содржини