Вонредни дебати во британскиот Парламент по одлуката на Меј да го одложи гласањето за Брегзит

од desk4

Британскиот парламент денеска ќе има вонредни тричасовни дебати по одлуката на премиерката Тереза Меј да го одложи закажаното за денеска гласање на предложениот од нејзина страна договор за Брегзит, изјави претседателот на Парламентот Џон Баркоу, откако опозициската Лабуристичка партија побара вонредни консултации.

– Не е праведно Владата еднострано да ја повлекува програмата, а Парламентот да нема можност да ја изрази својата волја, истакна опозицискиот лидер Џереми Корбин.

Баркоу ги закажа дебатите откако предлогот на Корбин беше поддржан од пратениците од Лабуристичката, но и од Конзервативната партија.

Слични содржини