Возач добил казна, па со уште три лица физички нападнал двајца полицајци

од Nikola Popovski

Двајца полициски службеници биле нападнати откако претходно напишале казна на возач на булеварот „Словенија“ во Скопје.

„На 28.09.2020 околу 12.40 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, на влез за с.Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица. Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот. Малку подоцна, на бул.„Словенија“, во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од возилото „дачиа дастер“ и од него излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица. Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје“, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини