Воздушна опасност во Киев: Непознат летечки објект на небото над два украински региона (ФОТО)

од Radmila Tasevska

Утрово беше прогласена вонредна состојба во Киев и Чернигов.

За разлика од претходната серија напади, причина за тоа е пријавеното појавување на непознат летечки објект на небото над овие две области.

Некои извори наведуваат дека се работи за дрон, но засега нема потврда или веродостојни информации.

Инаку, премиерот на Шпанија, Педро Санчез денес допатува во работна посета на Киев и изјави дека неговата влада на украинската армија ќе и подари 6 тенкови Леопард 2.

Слични содржини