ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Хамас нападна семејство кај Газа, таткото се обидел да ги заштити со пиштол

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави шокантна снимка на која се гледа моментот кога членовите на Хамас извлекле израелска мајка и нејзините два мали сина од нивниот дом во близина на Газа.

Шири Силберман-Бибас се криела во засолниште со нејзиниот сопруг Јарден и нивниот деветмесечн Кфир и тригодишен Ариел кога Израел бил нападнат од милитанти.

Вооружен само со мал пиштол, Јарден се надевал дека ќе го одбрани своето семејство и нивниот дом во Кибуц Нир Оз за време на нападот, во кој загинаа стотици Израелци и зедоа повеќе од 100 заложници, пишува „Дејли мејл“.

Таткото им испратил порака на своите роднини „Ве сакам сите“ додека се засолнувале, а милитантите пукале од полуавтоматско оружје пред нивниот прозорец. Половина час подоцна напишал „доаѓаат“, пред да престане комуникацијата.

Оттогаш никој нема слушнато за семејството, а родителите на 30-годишната Шири, Јоси и Маргит Силберман, исто така исчезнале и се стравува дека се киднапирани.

Подоцна се појави видео на кое се гледа како вознемирената мајка ги држи своите две деца во моментот на киднапирањето, но нема ни трага од нивниот татко. Видеото на социјалните мрежи на кое Шири липа додека таа и нејзините деца се одедени од милитанти предизвика вознемиреност и тага кај еврејската заедница ширум светот, а особено кај семејствата кои сè уште ги бараат своите најблиски.

Слични содржини