Вработена во Фондот за пензиско подигнала брзи кредити на туѓо име

од Nikola Popovski

Вработена во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија во Виница е осомничена дека ја злоупотребила положбата и користела податоци за да подигне брзи кредити на туѓо име.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, соопштија од МВР.

Оттаму информираат дека „во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената – вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци“.

Слични содржини