Вработениот Германец работи во просек 41 час неделно

од Vladimir Zorba

Падот на Берлинскиот ѕид многу промени во животот на Германците, но она што останува е скоро истото време што го поминуваат на работа. Постојаните вработени во Германија сè уште работат, во просек, 41 час неделно, што е само околу 25 минути помалку отколку веднаш по обединувањето на двете Германии во 1991 година, објави Федералното биро за статистика на оваа земја, пренесе „Шпигел“.

Процентот на вработени лица кои поминуваат повеќе од 48 часа неделно на работа е сè уште сличен, 9,7 проценти. Пред скоро три децении, според тврдењата на Федералното биро за статистика на Германија, бројот на оние што „горат на работа“ бил нешто поголем – 10,3 проценти. Оваа група се состои главно од менаџери и самовработени.

Она што е ново, во споредба со пред три децении, во германскиот начин на вработување е големиот број на вработени со скратено работно време. Тие, во просек, работат 19,5 часа неделно. Зголемен е и бројот на задачи што вработените ги добиваат надвор од традиционалното работно време. Скоро петтина од вработените во Германија треба мора редовно, покрај работата, да поминуваат време помеѓу 18 и 23 часа, покрај работата, 24,1 процент, работно и во сабота, додека десет проценти имаат работа и во недела.

Флексибилен начин за организирање на работниот ден беше вообичаен дури и пред пандемијата, односно во 2019 година, 21 процент од вработените можеа слободно да располагаат со своето работно време, а 28 проценти од нив барем делумно. Со вкупен удел на флексибилно работно време од 49 проценти, Германија, наведува Шпигел, е значително подобра во споредба со просекот на ЕУ од 39 проценти.

Слични содржини