Вучиќ ги откажал сите предизборни митинзи

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија и Српската напредна странка (СНС), Александар Вушиќ, вечерва предложил на седницата на Изборниот штаб да бидат откажани сите предизборни митинзи на партијата, вклучително и големиот митинг во Нови Сад и последниот митинг во Ниш.

Како што дознава „Новости“, лидерот на СНС не сакал на никој начин да ја загрози состојбата на населението, особено затоа што на предизборните митинзи на најсилната партија во земјата се очекувало голем број на луѓе.

Првиот ваков собир требаше да се одржи во петокот во Нови Сад на кој се очекуваше да присуствуваат најмалку 30.000 приврзаници на „прогресивците“.

Вучиќ овој предлог го претставил вечерва на седницата на Изборниот штаб на СНС, иако епидемиолошката состојба во Србија е далеку од драматична и покрај позицијата на експертите, пред се епидемиолозите, тој масовен собир не треба да биде забранет, а доказ е дербито меѓу Звезда и Партизан, кое вечерва се игра пред десетици илјади луѓе.

Објаснувајќи го својот предлог на седницата на Изборниот штаб, Вучиќ изјави дека со организирање масовни предизборни митинзи, тој не сака да го загрози здравјето ниту на една личност, затоа што здравјето и безбедноста на српските граѓани се над политиката.

Како што дознава изданието, предлогот на Вушиќ беше усвоен со тесно мнозинство.

Слични содржини