Вучиќ: Постигнавме компромис, единиците на РОСУ ќе бидат повлечени од Јариње и Брњак

од Nikola Popovski

По повод договорот постигнат денеска меѓу Белград и Приштина во Брисел, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Србија продолжува да ја штити сегашноста и иднината на својот народ на Косово и Метохија.

-Постигнато е компромисно решение и единиците на РОСУ ќе бидат повлечени од Јариње и Брњак. Продолжуваме да ја штитиме сегашноста и иднината на нашите луѓе во Косово и Метохија, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм „Авучиќ“.

Претседателот на Србија претходно објави фотографија на истиот профил со кратка порака:

-Србија секогаш ќе биде со својот народ“, стои во пораката.

Слични содржини