За 1.Мај проштека наместо наместо излет и скара

од Берта Китинска

За разлика од велигденскиот карантински викенд граѓаните ќе можат да излезат на прошетка.Првомајските празници годинава граѓаните ќе ги поминат со посебни мерки и со ограничено движење на територија на целата држава. Согласно одлуката на Владата за 1, 2 и 3 мај, полицискиот час ќе почнува во 14 часот, и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.

Што се однесува до лицата над 67 годишна возраст, тие во петок, сабота и недела ќе можат да се движат од 5 часот наутро до 11 часот.

На сите деца и млади лица до 18 години во петок, сабота и недела ќе им биде дозволено излегување од 12 до 14 часот.
Граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, притоа одржуваат задолжителна дистанца од два метри растојание, патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, или се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри, не мора да носат заштитна опрема.

Освен хируршката маска, во заштитна опрема спаѓаат и шал, марама или шамија.

– Сите овие материјали апсолутно спречуваат капките да циркулираат меѓу луѓето посебно кога е дистанцата помала од два метра. Затоа, носењето на заштитната опрема како дополнителна мерка во однос на одржувањето на дистанцата тогаш кога не може да се одржи сметам дека ќе има сосем доволен ефект тоа што сакаме да го постигнеме, изјави во текот на вчерашниот ден министерот Филипче.

За секој граѓанин кој не ја почитува мерката за носење на заштитна маска, предвидена е казна во висина од 20 евра, а казната за компаниите е до 2.000 евра.

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на ЈП „Национални шуми“ ја отповика забраната за движење во шума и шумско земјиште, која беше донесена на 16 април.

Со промената на временските услови и пролетното развивање на вегетацијата, се намали опасноста од појава на пожари на отворено и поради новосоздадените услови Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на барање на ЈП „Национални шуми“ , ја укинува забраната за движење во шума и шумско земјиште. Решението за укинување на забраната за движење во шума и шумско земјиште стапува на сила од утре 24.04.2020 (петок) година.
Од министерството ги потсетуваат граѓаните дека согласно член 46 од Законот за земјоделско земјиште и член 23 од Законот за ловство, забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, како превентивна мерка за заштита од појава на пожари на отворен простор.

Апелираат сите да се однесуваат одговорно додека се движат низ шума, да се грижат за природата, да не фрлаат догорчиња и запалливи материи со што ќе придонесат за зачувување на животната средина.

Слични содржини