За само два дена кампања во која граѓаните можат да го предадат оружјето без никакви последици,  граѓаните во Србија масовно го предаваат нелегалното оружје и муниција. Оваа броја, велат извори во српската полиција е  е поголема отколку за последните три кампањи заедно.

– Граѓаните донесоа 3.000 парчиња оружје, 125.000 парчиња муниција и 150 мини и експлозиви во полициските станици за неполни два дена од кампањата. Ова е повеќе отколку за последните три кампањи заедно – вели соговорник за српските медиуми.

Според неофицијални полициски информации во Србија, до полицијата неодамна пристигнале 218 официјални пријави за случаи кога граѓани, главно деца и малолетни, објавувале бизарни пораки на социјалните мрежи.

– Се однесува на пораки каде што го имитирале момчето-убиец, симулирале пукање, правеле списоци за отстрел. Полицијата веднаш реагирала на секоја пријава. Досега се уапсени 35 лица, а поднесени се и голем број кривични и прекршочни пријави – вели изворот запознаен со случајот.