За влез и излез преку Табановце се чека 30 минути, на останатите премини нема подолги задржувања

од Nikola Popovski

Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово информираат дека на граничниот премин „Табановце“, за влез и за излез од државата, се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ им препорачува на возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини