Зад еден од најголемите хитови на Queen се крие трагична приказна (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Групата Queen е еден од најпопуларните бендови што некогаш постоеле, а нивните песни и денес се слушаат низ целиот свет.

За време на своето постоење направија многу безвременски хитови, а еден што се издвојува е „The Show Must Go On“ од албумот „Innuendo“ од 1991 година.

Иако многумина мислат дека ја напишал Фреди Меркјури, и дека тоа е неговата проштална песна, вистината е нешто поинаква. Имено, песната ја напишал гитаристот Брајан Меј инспириран од борбата на Фреди со болеста.

Меркјури во тоа време веќе боледуваше од СИДА, иако официјално не беше познато, а тој едвај се движел. Брајан Меј бил загрижен дека Фреди нема да може физички да пее толку тешки делови, па ја снимил демо верзијата.

Меѓутоа, кога требало да се снима песната, Меркјури влегол во студиото, испил малку вотка, станал и рекол: „Ќе ја отпеам, душо“.

Тоа и го направил и на првиот обид без грешка ја испеал целата нумера.

„Тој започна и растури, целосно го раскина тој вокал“, изјавил подоцна Меј во интервју.

Како што болеста на Фреди се влошувала, тој станал премногу слаб за да сними спот, па решиле да не му прават нов материјал, туку да направат колаж од видеа на Queen, направени помеѓу 1981 и 1991 година.

Слични содржини