Заев до Мицкоски: Имате компир, нула гласови од Албанците, национализмот веќе не поминува

од Viktor Jovanov

Национализмот веќе не поминува. Имате компир, нула гласови од Албанците. СДСМ ја има најголемата меѓуетничка коалиција, му се обрати претседателот на СДСМ Зоран Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во однос на коалицијата со Беса, првиот човек на СДСМ изјави дека истата е изградена врз основа на темелни вредности и програми во кои веруваат двете страни. Тој додава дека меѓуетничката коалицијата ќе биде поздравена од страна на граѓаните на изборите на 12 април.

-Оваа коалиција носи мандати. Коалицијата е изградена на темелни вредности на програми во кои веруваме. Човечкиот капитал, европски вредности, оваа коалиција ги менува досегашните политики да има само етнички партии. Сега имаме идеолошки партии и чесно настапуваат пред граѓаните. Јас сум убеден дека таквата коалиција ќе биде поздравена од страна на граѓаните. Ние имаме аспирации да направиме уште поголема колиција од 61 пратеник. Вратите се за сите отворени. Слабостите кои досега беа присутни, народот нема да ги прости да останат така. Се разликуваат режимски постапки. Чесно зборувам дека е добредојден секој кој верува во европските вредности, рече Заев.

Тој додава дека употребата на национализмот ќе ВМРО-ДПМНЕ ќе ја доведе, како што кажа, да не можете да си ги измијат рацете.

-Република Северна Македонија не е од вчера мултиетничка земја. СДСМ е мултиетничка партија, рече Заев.

Слични содржини