Заев: Граѓаните и компаниите да ги следат насоките и препораките на институциите и да се придржуваат строго до мерките

од Vladimir Zorba

„Во време кога нашата земја и целиот свет се соочуваат со здравствена криза мора да бидеме обединети и сложни во еден единствен приоритет: Здравјето на граѓаните пред сѐ!“, пишува н својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев.

„Сите теренски активности во рамки на тековната кампања се откажани, а јавните комуникации целосно ги прилагодуваме според насоките на надлежните институции.

Апелирам уште еднаш до сите граѓани и до компаниите да ги следат целосно насоките и препораките на институциите и да се придржуваат строго до мерките.

Институциите се подготвени, на време реагираат и преземаат чекори за заштита на јавното здравје.

Но, за целосна контрола на состојбата потребна е поддршка од секој. Само заедно може да се заштитиме“, додава Заев.

Слични содржини