Заев: Изборите можат да бидат на 8 јули, секој од нас ќе помине по 2-3 минути на гласачкото место

од Берта Китинска

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција говореше за одржувањето на изборите.

„Изборите ќе бидат безбедни, граѓаните да излезат да гласаат, за да ги вратиме институциите.Секој од нас ќе помине по 2-3 минути на гласачкото место. Како што одиме секој ден зашитени со маски во маркет, на пазар и се дезинфицираме во секој јавен објект – тогаш истото ќе го направиме на гласачкото место. Важно е за државата да има функционални институции, кои се неопходни за справување со вториот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата.Среда  8 јули би го оставиле да биде за гласање неработен ден е, молкот би бил понеделник и вторник .Сабота и недела би бил ден за гласање на болните и изнемоштени лица, би ги платиле дупло членовите на избирачки одбори“, изјави Заев.

Слични содржини