Заев ја одложува оставката на неодредено време

од Nikola Popovski

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев засега останува на функцијата во партијата, но и како претседател на владата. Ова како одлука е донесено по состанокот на ИО и ЦО на владеачката партија.

-Највисоките органи на партијата препорачаа и едногласно донесоа одлука Заев да ја одложи оставката на неодредено време, додека процесите во државата не се нормализираат. Државата продолжува да се гради на европските вредности. Ова е слободна земја. СДСМ ќе продолжу да работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста државата да западне во нова криза. Денешната одлука е генерална и сите треба да бидеме на висина на задачата, изјави градоначалникот на Валандово и член на ЦО на СДСМ, Перо Костадинов.

Слични содржини