Заев: Концептот за зголемување на платите е прав пат

од desk4

Премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата гаѓанска трибина во Штип насловена „На прав пат“ порача дека концептот на враќање пари кај граѓаните е правиот пат за развој на државата.

Покачување на минималната плата, укинување на радиодифузната такса, враќање на евтината дневна тарифа на струја се само дел од економските политики кои оваа Влада ги спроведе за намалување на трошоците на домаќинствата, како и за подигнување на стандартот на сите граѓани во земјата.

„Ја покачивме минималната плата но сега отворен е процес за ново сериозно зголемување на минималната плата за сите работници. Преку реални економски политики успеавме просечната плата да ја зголемиме, за две години околу 2.000 денари. И не застануваме тука, имаме нови мерки за субвенционирање на придонесите од задолжителното осигурување за компаниите кои ќе ги покачат платите на работниците до 100 евра.Да, концептот за зголемување на платите е прав пат.
Укината е радиодифузна такса за сите, воведена е евтината дневна тарифа на струјата. Но овде во Штип дополнително е и намалувањето на цената на водата што севкупно ги намалува трошоците на домаќинствата. Со повратот на 15 отсто од ДДВ само во првите три месеци враќаме над 3 милиони евра кај граѓаните, а првото враќање ќе биде на почетокот на декември. Концептот за повеќе пари кај граѓаните е прав пат“, кажа Заев.

Слични содржини