Заев од Белград: С. Македонија, Србија и Албанија започнаа нова ера на соработка на Балканот

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев вечерва информира дека бил присутен во Палата Србија во Белград, на завршниот работен ручек на Самитот на „Отворен Балкан“, на покана на претседателот на Србија Александар Вучиќ, каде што се сретнал лидерите на „Отворен Балкан“.

-Меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ и сите останати соработки кои се договараат и имплементираат во рамки на оваа иницијатива, се само доказ дека Северна Македонија, Србија и Албанија започнаа нова ера на соработка на Балканот, која ќе носи добробит за сите наши граѓани, објави Заев на социјалните мрежи.

Претходно Заев доби голема плакета од Стопанската комора на Македонија поради неговиот придонес за иницијативата што ги спои трите земји од Западен Балкан.

Слични содржини