Заев: Поразот на Силјановска на овие избори ќе ја спаси од канџите на Груевски и Мицкоски

од Vladimir Zorba

„Заврши времето на марионети, калкуланти, провокатори и криминалци. Ова се времиња на чесни водачи кои се водат од граѓанските интереси. Република Северна Македонија ќе добие претседател за кого иднината на нашата држава не е авантура туку должност, а тој не е залутан патник, туку водач. Поразот на Силјановска на овие избори е најдоброто што може да и се случи. Овој пораз ќе ја спаси од канџите на Груевски и Мицкоски“.

Ова го сподели денеска во својот говор премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на централниот митинг во Скопје, во поддршка на заедничкиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија – Стево Пендаровски.

Тој побара од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да каже какво било владеењето на неговиот претходник, Никола Груевски.

„Збор не слушнавме од Мицкоски и Силјановска за 11 годишното владеење на неговиот даскал Груевски. Го повикувам да каже каква беше правдата, каква беше слободата на говорот, имаше ли криминал, имаше ли терор и закани и притистоци врз граѓаните, се партизираше ли целата држава, се иницираа ли конфликти за политички цели, се договараше ли промена на името на државата, имаше ли демократија? Ајде нека се одважи за атер на образот за кој вели дека му беше чист. Ако е доблесен ќе рече се срамам од владеењето на мојот претходник и ако сака нека додаде: ова е новото ВМРО-ДПМНЕ. Ајде Мицкоски состави една реченица и кажи ја јасно и гласно, ајде гукни да те видам. Не смееш , ти се тресат ногавиците да не му згрешиш на пастирот, вели Заев.

Тој додаде дека не само што идентитетот е забетонирав, „туку во бетонот има и арматура, каква што ти Мицкоски не можеш да ја замислиш“.

Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните да се придружат на победничката опција „Заедно напред“.

„Ќе ги победиме на 21 април, ќе ги победиме и на 5 мај и на 21 септември ако треба, порача Заев.

Митинг Скопје
Митинг Скопје
Митинг Скопје
Митинг Скопје
Митинг Скопје

Слични содржини