Заев: Србија отсекогаш била нашиот најдобар пријател

од Nikola Popovski

Србија отсекогаш била најголемиот пријател на С. Македонија и беше единствената што оддели вакцини за нашите луѓе од залихите за време на ковид-пандемијата, рече македонскиот премиер Зоран Заев.

Заев нагласува дека пријателството меѓу Северна Македонија и Србија расте, изразува надеж дека ентузијазмот за пријателство и оптимизмот од овие две земји и Албанија ќе биде претежно присутен на Балканот и Југоисточна Европа и охрабрува да се најде решение за Косово и Метохија, истакнувајќи дека гледа дека се постигнува искрена намера.

„Ние дефинитивно сме братски народ. Она што Србија го направи кога ни беше најтешко, кога не можевме да најдеме начин да ги заштитиме лекарите и медицинските сестри, докажува дека е вистински пријател“, рече Заев, истакнувајќи дека анкетите пред локалните избори, покажале дека дури 38 проценти од македонските граѓани ја сметаат Србија за свој најдобар пријател.

Заев вели дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е негов добар пријател, кој, како што вели, заедно со премиерката Ана Брнабиќ работат на изнаоѓање решение за Косово и Метохија, истакнувајќи дека секое решение е прифатливо за С. Македонија, доколку гарантира мир, европска иднина и почитување на правата на малцинствата.

„Ние нема да условуваме никого, туку ќе поттикнеме изнаоѓање решение. Ако е добро за Србите и Албанците, ние ќе го поздравиме “, потенцира Заев во интервју за ТВ Танјуг.

Тој забележува дека секое решение на проблемот на Балканот е решение за Македонците и целиот македонски народ.

„Убеден сум дека ентузијазмот за пријателство и оптимизам од Србија, Северна Македонија и Албанија ќе биде претежно присутен на Балканот и Југоисточна Европа, бидејќи е поврзан со благосостојбата на нашите народи“, посочува Заев.

Тој вели дека лично решавал големи проблеми меѓу Македонците и Албанците во С. Македонија и дека е постигнат договор со Бугарија за прашањето за европска интеграција.

Слични содржини