Заев во Штип: Доволно беа 30 години тапкање во место, ЕУ и НАТО стануваат реалност

од desk4

Премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат“ во Штип истакна дека сега е вистинско време за просперитет на државата по 30 години талкање во место, како и дека ЕУ и НАТО стануваат реалност.

Цврсто решивме државата да ја ставиме на прав пат. И успеавме, еве сме на прав пат.  Доволно беа 30 години тапкање во место, конечно дочекавме да станеме модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните“, рече Заев.

Тој порача дека сега се отворени перспективи за сите нас, за нашите деца, за татковината, за граѓаните.

„Во седиштето на Европската унија говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно си имаме имотен лист, си имаме држава, која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат. Одиме храбро, работиме од љубов, си ја сакаме татковината. Возот тргна на шините, тој на прав пат. Нема излегување од шините, одиме напред, на прав пат“,  рече Заев.

Слични содржини