Заев за Пауновски: Сум примал критики и сум се корегирал, но останувам на ставот кој го изнесов во јавноста

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев денска информираше дека утре ќе одржи средба со вработените од државниот инспекторат.

-Утре во 9 часот ќе одржам состанок со вработените од државниот инспекторат за да ми биде доставена петицијата, а владината седница ќе биде одржана  во 12 часот. Да кажам дека неколку пати директорот Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и за информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања.Утре на седница на владата ќе го потврдам тоа што го објавив во јавноста, изјави Заев.

Тој напомена дека владата ќе постапи согласно законот во овој случај.

-Вредно е да се разгледуваат сите постапки. Сум примил критика и сум знаел да се корегирам и кога не сум бил доволно цврст во определбите исто времено сум знаел да учам кога треба и да бидам толерантен. Утре владата ќе одлучи , а јас останувам на ставот кој го изнесов во јавноста, изјави Заев.

Слични содржини