Заев: Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС!

од Vladimir Zorba

На последната седница донесовме Решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“ – Скопје, коешто е веќе потпишано од страна на министерот за животна средина и просторно планирање, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, сподели премиерот Зоран Заев.

Согласно Планот за ремедијација, продолжува Заев, во постапка е издавање дозволи за извоз на опасниот отпад од страна на МЖСПП – во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе се извезе контаминираната земја под линданот.

„Продолжуваме активно да работиме на заштита на животната средина, со цел граѓаните да живеат здраво во чиста животна околина“, истакна премиерот.

Слични содржини