Заев: Започнувањето на преговорите доаѓа во тешка состојба, но треба да се радуваме, радоста е лек

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното гостување во емисијата Утрински брифинг упати честитка до граѓаните и до сите институции, кои покажаа доблест за 2,5 години да ги спроведат реформите и светот тоа да го препознае и да станеме полноправна членка на НАТО и да добиеме безусловен почеток на преговорите со ЕУ.

-Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за безусловно почнување на преговори доаѓа во тешка состојба, но треба да се радуваме, зашто и радоста е лек, обезбедивме извесност и иднина за нашата земја и за нашите деца, носејќи тешки и храбри одлуки истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Слични содржини