Захарова: Вучиќ е во право

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, не треба да се грижи за тоа што Киев нема да биде примен во НАТО, туку затоа што повеќе нема држава, изјави Марија Захарова, портпаролка на министерството за надворешни работи на Русија.

Вака Захарова одговори на прашањето на водителот на Телевизија Русија 24 во врска со изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, „кој го советуваше Зеленски да не се грижи за тоа што неговата земја не е примена во НАТО“.

„Вучиќ е во право дека Зеленски веројатно најмалку треба да биде загрижен поради тоа што Украина не ја примаат во НАТО. Зеленски има многу други, поважни причини за вознемиреност – тој повеќе нема држава, луѓе, индустрија, производство, политички партии, граѓанско општество, нема слободи“, изјави Захарова, пренесе „Спутник“.

Слични содржини