Во македонска народна носија се појави заменик-претседателот на ГЕРБ, Цветан Цветанов на празникот на традиционалните родопски јадења во Златоград. Традиционалната носија Цветанов ја добил за својот роденден. “Сакав да ја облечам во соодветна атмосфера – на место каде човек може да се потопи во минатото и да се врати стотина години наназад”, посочи заменик-претседателот на ГЕРБ.

1f40bf27cbaa5f318d281676645616fa

Цветанов го користи празникот, за да го рекламира градоначалникот на Златоград Мирослав јанчев од ГЕРБ, кој најверојатно ќе се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори наесен.

Стотици гости и жители на Златоград сакаа да се сликаат за спомен со Цветан Цветанов, кој се вклучи во орото, соопштија од прес-центарот на ГЕРБ. Од фотографиите на Фејсбук профилот на Цветанов се гледа дека се вклучил и во подготовката на јадење.

Слични содржини