Запознајте го Емо – пријателско роботско лице кое ги предвидува изразите на вашето лице

од Сенада Ибраимова

Додека се навикнуваме на роботите кои се вешти во вербална комуникација, нивните невербални комуникациски вештини, особено изразите на лицето, заостануваат многу. Сепак, тоа би можело да се промени, благодарение на тимот од млади експерти од Creative Machines Lab од Америка.

Тие го конструираа Емо – роботско лице обложено со силикон, кое воспоставува контакт со очите и може да ги предвиди вашите изрази на лицето за 840.000 милисекунди пред да ги направите.

Опремен е со 26 покренувачи (актуатори), кои овозможуваат широк опсег на изрази на лицето.

За пореални интеракции, истражувачите интегрирале камери со висока резолуција во внатрешноста на зеницата на очите, овозможувајќи му на Емо да оствари контакт со очите, што е од клучно значење за невербалната комуникација.

Емо беше поставен пред камера и на тој начин вежбаше случајни движења, како што ги практикуваме изразите на лицето пред огледало.

„Се приближуваме кон иднината во која роботите ќе можат беспрекорно да се интегрираат во нашиот секојдневен живот, нудејќи ни дружење, помош, па дури и емпатија“, велат креаторите на роботот Емо.

 

Слични содржини