Затвореници подметнале пожар во „Идризово“, нема материјална штета

од Vladimir Zorba

Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово“ утринара подметнале пожар што веднаш бил изгаснат од затворската полиција.

Како што информираше за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, веднаш по пријавата на полицајците била повикана противпожарна единица, но не интервенирала бидејќи веќе огнот бил локализиран од обезбедувањето на затворот.

-Затворениците беа сослушани од управата и од МВР и во моментов се издвоени во самица, рече
Мојсовски.
Според него, нема причинета материјална штета

Слични содржини