Градите се симбол на женската убавина и сексапил. Тие се симбол и на мајчинството. Воопшто, женскиот развој е тесно поврзан со градите.b03bcf486374099ca575867932dc5677

Како и секој друг орган од телото, така и градите страдаат од различни болести и естетски проблеми. Што треба да направиме за да се нашите гради здрави и “среќни”?

Носете ја вистинската големина градник

На многумина не им се верува, но големината и моделот на градник се од огромно значење. Тој е додаток кој го носите на градите во текот на целиот ден и затоа е важно тој да не предизвикува штета.
Важно е, кога ќе стигнете дома да го соблечете и вашиот градник, за да можат градите да “одмараат” од тензиите во текот на денот.

Јадете кељ

Кељот е растение од родот на зелката, многу соодветно за салати, варени и печени јадења. Во него се содржат големи количества хемиски соединенија кои штитат од рак на дојка како и во брокулите, рибата, јаболката и лукот.

Кељот е со ниска содржина на масти, но висока на влакна, што го прави корисен во целина за организмот.

Ограничете го алкохолот

Љубителките на алкохолот (не зборуваме за алкохоличари!) треба многу да внимаваат, ако сакаат да имаат здрави и гради со добар изглед. Алкохолот и пушењето предизвикуваат штета во организмот на различни места, од кои едно се женските гради.

Ако сакате градите ви да останат подолго млади и во добра здравствена состојба, едноставно не пијте многу, престанете да пушите и намалете со кафињата. Тоа е од огромно значење.7e2ca68b7e5d127199967471c8f7f9de

Вежбајте редовно

Вежбајте што е можно почесто. Ова им помага на ткивата во градите да не ја изгубат својата еластичност, како и сврзувачкото ткиво.

Здравата исхрана и физичката активност ќе ги покренат не само градите, но и самодовербата!

Дојте!
Не се потпирај на митовите дека доењето ги уништува градите. Други фактори го уништуваат изгледот и здравјето. Доењето не е меѓу нив.

Тоа не е само корисно за вашето бебе, но и за здравјето на градите. Истражувањата покажуваат дека долготрајното доење штити од рак на дојка.

Редовни прегледи

Без разлика дали сте на 20, 30 или 40 години – редовните прегледи кај мамолог се задолжителни! За жените над 50, пак, не може да стане збор да не се прегледуваат на годишно ниво. Ризикот од рак не е за потценување, возраста на морбидитет исто опаѓа во последните години, па превенцијата е најдобар советник на здравјето!

Слични содржини