Зеленски го критикуваше Шолц дека одбил да му обезбеди ракети „Таурус“

од Vladimir Zorba

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц дека одбил да му ги достави на Киев крстосувачките ракети Таурус од германско производство и посочи дека неподготвеноста се заснова на неговата желба да го задржи оружјето за да го одбрани Берлин од заканата од Русија.

„Колку што разбрав, канцеларот верува дека бидејќи е претставник на ненуклеарна држава, ова е најмоќното оружје што го има Германија“, рече Зеленски за ракетите Таурус во интервју за Аксел Спрингер, матичната компанија на порталот Политико.

„Тој сподели со мене дека не може да ја остави својата земја без толку моќно оружје“, додаде Зеленски.

Германската влада сепак на својата јавност и претставува сосема поинаква логика за неиспраќање оружје, наведува порталот.

Шолц категорично одбива да испрати проектили Таурус во Украина, велејќи во изјавите дека таквиот потег може да доведе до ескалација на војната, па дури и да ја вовлече Германија во директен конфликт со Русија.

Слични содржини