Зеленски: Очекувам Украина да добие јасен сигнал за нејзината иднина во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за време на состанокот со полскиот претседател Анджеј Дуда и литванскиот претседател Гитанас Наусед во Киев дека очекува Украина да добие јасен сигнал за нејзината иднина во Алијансата на самитот на НАТО во Вилнус во јули.

„Ако Алијансата сака да биде моќна и не го гледа своето постоење без Украина, треба да добиеме барем некој модалитет на нашата иднина во НАТО, некои конкретни работи… Не зборуваме за членство денес, го разбираме тоа дека за време на војната не можеме да станеме членка на НАТО, но мора да добиеме гаранции дека ќе бидеме по војната. И токму тоа е сигналот што сакаме да го добиеме – дека Украина ќе биде членка на НАТО по војната“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција, пренесува „Укринформ“.

Според него, посетата на претседателите на Полска и Литванија е уште една потврда за силната и навремена поддршка за Украина, а особено во пресрет на Самитот на НАТО во Вилнус.

Слични содржини