Зеленски предложи одржување на мировен самит во јули

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска предложи во јули да се одржи меѓународен самит посветен на украинската формула за мир.

„За кратко време, веќе во јули, целосната војна ќе влезе во 500-тиот ден. И тоа е симболичен временски период, добар месец да се свика Самитот на Формулата на мирот, самитот на глобалното мнозинство. Самит на сите оние кои ја поддржуваат чесноста и се одлучни со ова да се стави крај на војната. Ве повикувам да се придружите на заедничките напори!“, рече Зеленски за време на говорот на работната сесија на самитот на Г7 „Кон мирен, стабилен и просперитетен свет“ со учество на земјите од Г7, Украина и партнерите, пренесува „Укринформ“, повикувајќи се на прес-службата на претседателот.

„Ќе се браневте ако ви провалат во домот, ако непријателот дојде до вашата порта и ги депортира вашите деца, нема да им се предадете на колонизаторите, ќе го обедините целиот свет, ќе се борите – како што се бориме ние“, рече Зеленски.

Слични содржини