Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Тајван, повредени 140 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а повеќе од 140 се повредени по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала кој го погоди Тајван во неделата, соопштија денеска локалните власти.

Властите денеска ги продолжија спасувачките операции, откако четири лица беа извлечени откако претходно беа заробени под урнатините на седумкатница, соопшти Националната противпожарна служба.

Земјотресот се случи во неделата во 14 часот и 44 минути во округот Таитунг на длабочина од седум километри.

Слични содржини