Земјотрес во Албанија, почувствуван и на наша територија

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран на територијата на Албанија.

Потресот се случил во 14:50 часот на длабочина од 10 километри со епицентар во Видас на 10 километри од Елбасан, а е почувствуван и во Тирана и Драч.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Поради близината, земјотресот е почувствуван и на македонска територија, пред се во Струга, Охрид и Дебар.

Слични содржини