Земјотрес во Тајван: Најсилниот во последните 25 години, има и жртви

од Симе Стоиков

Силен земјотрес во средата го погоди источниот брег на Тајван, одземајќи најмалку четири животи.

Земјотресот со јачина од 7,4 степени предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции.

Повеќе од 50 луѓе се повредени, а некои се заробени во згради и тунели низ градот, соопштија властите.

Најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години бил почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, предизвикувајќи масовни лизгања на земјиштето.

Поради земјотресот, неколку околни земји издадоа предупредување за цунами, но подоцна објавија дека нема опасност од големи бранови.

Слични содржини