Зошто Кејт и Вилијам ги намалија своите кралски должности?

од Vladimir Zorba

Принцезата и принцот од Велс одлучија да ги намалат своите кралски должности бидејќи нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис се на училишен одмор.

Училиштето во кое посетуваат ја заврши наставата во петокот, а децата повторно ќе тргнат на училиште на 30 октомври.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се познати по тоа што ја користат секоја прилика да поминуваат време со своите деца. Најчесто одат на село во Норфолк каде семејството поминува време на свеж воздух – од градинарство до возење велосипед.

Кејт во едно интервју открила дека се најсреќни кога се во природа и кога се валкани.

Слични содржини