Зошто треба да го загреете автомобилот пред да го возите во зимските денови?

од desk2

Свесни сме дека многумина имаат различно мислење за тоа дали автомобилот треба да биде загреан пред да тргне во ладните денови. Сепак, аргументите велат дека е подобро за автомобилот да биде претходно загреан.

Најголемиот (а веројатно и единствен) аргумент за тоа дека автомобилот не треба да се загрева пред употреба во зима е дека „модерните автомобили можат да го издржат тоа“. И тоа не е погрешно, бидејќи софистицираниот механизам на модерните автомобили побрзо согорува и се загрева полесно од оној на постарите автомобили.

Но, тоа не значи дека секој еден возач кај нас вози автомобил кој е нов и може да го поднесе ладното. Доколку имате автомобил кој е постар, нема дилема – загрејте го автомобилот барем 5-10 минути пред да тргнете да го возите.

Има неколку причини поради кои загревањето има логика. Најголемата е дека постарите автомобили имаат поголеми проблеми со согорувањето, па така единствениот начин да се чувствувате безбедни е да го загреете автомобилот до тој степен до кој сите функции ќе работат нормално. Ова се должи на фактот што на ладни температури горивото потешко испарува и согорува, и многу често знае да остане во течна состојба, што го прави неспособно да го придвужува автомобилот правилно.

Покрај тоа, возењето комплетно ладен автомобил ќе ви ги намали возачките перформанси, поради тоа што воланот (заедно со сите делови кои ја контролираат насоката на автомобилот) се ладни и е потешко да се движат како што посакувате.

Последната причина е дека добро загреаниот мотор на автомобилот троши помалку и помалку загадува отколку ладниот мотор.

Како заклучок, модерните автомобили можат да го поднесат ладното, но тоа не значи дека само поради тоа што можат, треба да им ги тестирате способностите на тој начин што нема да го загревате автомобилот во зима.

Слични содржини