-3 Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Битола, Струмица…

од Vladimir Zorba

Утрински температури

 -3 Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Битола, Струмица, Маврово, Тетово, 0 Прилеп, Кр. Паланка, Куманово, Д. Капија, 1 Штип, Дебар, Лазарополе, 2 Крушево, Пожаране, Скопје, 3 Претор, Виница, 4 Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија, Охрид, 8 Дојран.

 

esenМОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Ведро со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини  има појава на магла, особено  во скопската и полошката котлина, како и долж Повардарието, каде има магла со намалена  хоризонтална видливост. На повисоките места дува слаб ветер од југоисточен  правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претежно сончево и релативно топло со мала локална облачност како и со слаб југоисточен ветер,  повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.

 Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

 esen

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини и по речните долини во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на а магла и ниска облачност.

В петок, во текот на ноќта кон сабота  се очекува промена на временската состојба над нашето подрачје. Ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.

 

Слични содржини