Лидерите на  земјите-членки на Европската унија се согласија во наредните две години да распределат околу 40 илјади сиријски и еритрејски имигранти кои се наоѓаат во Грција и Италија. Понатаму ќе се одлучува дали земјите-членки на Унијата ќе бидат обврзани да преземаат мигранти.

113489

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека Европа ќе треба да се справи со 60 илјади баратели на азил и ако не се почитуваат правилата може да биде загрозена Шенген зоната.

– Мигрантите кои немаат легално право да влезат во Европската Унија ќе бидат вратени. Европската гранична агенција Фронтекс ќе добие повеќе можности за да им помогне на илегалните мигранти. Комисијата ќе мора да почне да работи. Потребна ни е и солидарност од граничните земји. Лидерите се согласија 40 илјади лица да бидат преместени од Грција и Италија во други земји во текот на наредните две години. Исто така сум убеден дека нема да постои солидарност за релоцирање додека имигратите не се соодветно регистрирани, изјави Туск.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер смета дека планот има скромни амбиции и тој ќе биде тест за тоа дали системот работи, а единствено важно е да им се помогне на 60-те илјади беглаци.

– Треба да утврдам дали системот работи. Не е важно дали е доброволен или задолжителен, важно е дали можеме да им помогнеме на 60 илјади бегалци. Генерално, сметам дека планот е скромен,  рече Јункер.

Италијанскиот премиер Матео Ренци пред состанокот изјави дека доколку земјите-членки на ЕУ не се согласат за приемот на 40 илјади бегалци, не заслужуваат да бидат наречени Европа.И покрај договорената шема за прераспределба на имигрантите, Унијата им даде право на исклучување на Унгарија, која претходно го нарече планот апсурден и на Бугарија, бидејќи е една од најсиромашните земји во Унијата.

Слични содржини