Абази е во критична состојба

од Vladimir Zorba

Критична и неизвесна е здравствената состојба на носителот на независната советничка листа во Кичево Алит Абази. Лекарите го држат во вештачка кома.

Човекот кој со пиштол пукал во него заработи кривична пријава за обид за убиство и за поседување оружје. Абази на скопските клиники се бори за живот, има тешки повреди на рбетниот мозок и рбетниот столб, а сериозни оштетувања има и на внатрешните органи и крвните садови. објави Телма.

 – Се следи неговата состојба секој момент, во моментов е на аспиратор, на вештачко дишење, во вештачка кома во која планираме да го држиме до утре за да можеме да бидеме сигурни дека пацинетот е стабилен и полека, полека да го разбудиме од анестезијата – вели Илир Хасани, Клиника за трауматологија.

На скопските клиники е и шефот на изборниот штаб на Абази, Дестан Адиу. Тој има повреда на ногата, но е надвор од животна опасност. Од Основното јавно обвинителство – Гостивар информираат дека 58-годишниот напаѓач во повредените пукал од зад грб, а од СВР Охрид потенцираат дека пиштолот го поседувал без дозвола.

Неофицијално, меѓу напаѓачот од кичевското село Горно Строгомиште и меѓу Абази од поодамна постоеле несогласувања, кои најверојатно вчера кулминирале. Тоа што Абази влегол во изборната трка, не било мотив за обидот за убиство.

Слични содржини