Ахмети наскоро ќе биде сменет – не покажал лидерство !

од Vladimir Zorba

 

Во исто време големо мајсторство демонстрирала неговата заменичка Теута Арифи. Токму таа била лидерка во соработката со меѓународната заедница и тоталната промена во позицијата на ДУИ..

Али Ахмети не покажал доволно силно лидерство. Лидерот на најголемата албанска партија ДУИ, Али Ахмети, наскоро би можел да биде сменет. Ова го објавија повеќе портали на албански јазик, меѓу кои и „Алмакос”.

Веста беше распространета и од австриското издание „Дер Стандард”, кое тврди дека тоа „може да стане поради неспособноста на Ахмети да покаже лидерство во партијата”. Според изданието „Ахмети не покажал лидерство не само за време на сегашната политичка криза, но и во времето кога тој беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски”. Австрискиот весник тврди дека лидерот на ДУИ не успеал да ја обезбеди и потребната поддршка на меѓународната заедница за надминување на кризата. Во исто време големо мајсторство демонстрирала неговата заменичка Теута Арифи. Токму таа била лидерка во соработката со меѓународната заедница и тоталната промена во позицијата на ДУИ од про-ВМРО во про-СДСМ. За промена на Ахмети активно работеле и неколку странски амбасади, дополнуваат медиумите на албански јазик во Македонија.

Бугарската агенција БГНЕС потсетува дека Али Ахмети и ВМРО-ДПМНЕ владеат заедно од 2008 година врз основа на барањето од ЕУ, победникот кај Македонците да коалицира со победникот кај албанскиот електорат. За првпат по 2008 година, денес овој принцип не се почитува. На предвремените парламентарни избори од 11 декември 2016 година ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови (51 пратеници во 120-члениот парламент), а ДУИ доби 10 мандати. На 28 јануари, Ахмети во последен момент соопшти дека нема договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Поради ова Груевски го врати мандатот на претседателот Ѓорге Иванов.

Од тогаш до денес од ДУИ велат дека ќе го поддржат лидерот на СДСМ Зоран Заев како нов мандатар. Ахмети и уште две албански формации, движењето Беса на Билал Касами и Албанскиот сојуз за Албанците на Зијадин Села се потпишаа заедно со пратениците на СДСМ за свикување на основачкото собрание на парламентот во вторник, на 21 март.

Пред неколку дена, Али Ахмети изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не е проруска партија и без неа не може да се реши политичкиот јазол во Република Македонија.

Политичката криза се влоши дополнително, откако ДУИ, Беса и Албанскиот сојуз за Албанците ја потпишаа т.н. албанска платформа, која целосно беше изготвена со директното и отворено учество на албанскиот премиер Еди Рама. Таа платформа предвидува промена на Уставот, државните симболи и воведување на албанскиот како службен јазик во Македонија. Барањата од оваа платформа предизвикаа масовни протести во земјата, кои се одржуваат од крајот на февруари во десетици градови на Република Македонија, пишува БГНЕС.

Слични содржини