Речиси да нема ден некоја делница на  автопатиштата низ Македонија да не се затворени.Дали за  снимање филм, дали за одрон, дали за поправка и санација. Но наплатата за патарина редовно се наплаќа со полна цена како да се добива полна услуга. Се наметнува прашањето за што се наплаќа? Зошто ли плаќаат граѓаните во Македонија? Арач на државата ли е тоа или се плаќа  за услугата безбеден и сигурен пат, брзо движење како противуслуга !? Возењето по автопат, ниту е брзо, ниту е безбедно, а многу често предизвикува и посилна амортизација на возилата.  А возачите и граѓаните плаќаат за патишта, и тоа со покачена цена,  и при регистрација на автомобилот! И сега  зошто полна цена  на патарина за половична услуга прашува Локално.мк?  И сега чисто граѓански дали тоа не е измама, грабеж или…?9737E69BD35ABC4794FB1399F1A11E70

Во меѓувреме додека го очекуваме одоговорот колку за информација: Автопатот А1 на делницата од мотел „Македонија“ до Градско, од денеска до 6-ти овој месец во периодот од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај, поради снимање на францускиот филм „А Фонд”.

Сообраќајот како и досега ќе се одвива по стариот пат кој е обележан со соодветна сигнализација. Дополнителните трошоци се разбира ги  има и  се  на грбот на граѓаните.

Слични содржини