Бартра се чувствува добро

од desk2

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марк Бартра кој доби исеченици на раката по експлозијата во близина на автобусот со фудбалерите на Борусија Дортмунд, се чувствува добро, но тешко дека денес ќе настапи на дуелот со Монако, објавија германските медиуми повикувајќи се на информација од бундеслигашот.

Шпанецот по експлозијата бил однесен во болница каде било констатирано повреда на раката од парчиња стакло, но неговата состојба не е загрижувачка. Тој ќе биде положен на мал хируршки зафат, најверојатно во текот на денешниот ден.

Средбата Борусија Дортмунд – Монако во четвртфиналето од Лигата на шампионите што требаше да се игра синоќа во Дортмунд е одложена за денес во 18:45 часот по експлозијата во близина на автобусот со кој фудбалерите на германскиот тим се превезувале кон стадионот.

Слични содржини