Белгија протерува еден руски дипломат поради случајот Скрипал

од Vladimir Zorba

   Белгиската влада одлучи денеска да протера еден руски дипломат поради случајот со труење на двојниот агент Сергеј Скрипал во Велика Британија, соопштија локалните медиуми. 

Одлуката била донесена на состанокот на премиерот Шарл Мишел и неговите заменици. Се работи за дипломат, кој работи во руската Амбасада во Брисел. Тоа значи, дека мерката важи за руските дипломати акредитирани во Белгија, но не и во НАТО или ЕУ.

Белгија ќе му ја соопшти одлуката на рускиот дипломат во следните 48 часа, а по тоа протераниот дипломат ќе располага со рок од 14 дена да отпатува во Русија.

Во соопштението на владата се прецизира дека белгиските власти ќе се погрижат за спроведување на денешната одлука на НАТО за протерување на седум руски дипломатски претставници, акредитирани во седиштето на Алијансата.

Слични содржини